Во Москва одржана генералната проба за Парадата на Победата (ВИДЕО)

AFP
На Црвениот плоштад дефилираа 37 парадни чети на пешадијата во чиј состав имаше 12 илјади војници. По нив на централниот плоштад во престолнината помина механизираната колона во која имаше 190 единици воена техника. На крај над централниот градски плоштад прелета парадниот строј на авијацијата составен од 76 хеликоптери и авиони.

Во рускиот главен град поради пробата се затворени многу улици и е забрането паркирање на соодветните делници. Како што од Министерството за одбрана на РФ изјавија, сите војници кои учествуваат во пробите и обезбедувањето на Парадата се комплетно вакцинирани против заразната болест Ковид-19.

На Црвениот плоштад во Москва веќе се одржаа две проби за Парадата на Победата – на 29 април и 4 мај, а учествуваа пешадијата и конвојот техника. Авијацијата леташе над Москва на пробата утрото на 4 мај.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња