Во Русија е направена првата дигитална платформа на светот за управување со колективен имунитет во претпријатија и канцеларии. Ова за RT го соопшти прес-службата на организацијата „Платформа на Националната технолошка иницијатива“.
Според програмерите кои ја создадоа платформата, создавањето и одржувањето на колективниот имунитет ќе овозможи спречување на масовни епидемии и ќе го преполови бројот на случаи на заболувања на годишно ниво.
Во системот се внесуваат податоци за здравјето на вработените (резултати од тестови, податоци за вакцинација) и податоци за заболени од коронавирус. Системот автоматски во реално време собира податоци за контактите на луѓето, заради што работниците добиваат специјални приврзоци. Вештачката интелигенција ги анализира овие податоци, изработува различни сценарија за ширење на инфекцијата и дава предвидување за бројот на заболени наредниот месец.
Исто така е во состојба да го предвиди бројот на случаи на заболување во случај работниците да користат различни средства за заштита (вакцини, маски, итн.). Врз основа на овие податоци системот ја издвојува групата со најголем ризик, вработените кои први треба да бидат заштитени за да се спречи масовно ширење на инфекцијата.
На крај платформата изработува општа стратегија за заштита на колективот и дефинира индивидуални препораки за секој вработен во рамките на општата стратегија: вакцинација, изолација, засилено носење маски и други превентивни мерки.
Задолжително се земаат предвид индивидуалните ограничувања на вработените (одбивање на вакцинација, несакани ефекти итн.).
Во контролиран режим системот веќе функционира во една фабрика на Урал.
Претходно потпретседателот на Владата на РФ Татјана Голикова изјави дека е можно Русија да постигне колективен имунитет на инфекцијата со коронавирус до оваа есен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче