Производот е развиен и патентиран од соработници и студенти на Катедрата за безбедност на производството и индустриска екологија на овој универзитет во рамките на националниот проект „Наука и универзитети“.
Во руската република Башкортостан се наоѓа еден од најголемите комплекси за гориво и енергенси во Русија и Европа. Покрај гиганти како што е „Башнефт“, во оваа област работат десетици помали компании, така што проблемот со отстранување на последиците од несреќи е многу акутен.
Научниците од споменатиот универзитет во Уфа патентираа начин за производство на нов апсорбент. Тој се базира на отпад добиен при преработка на шеќерна репка.
Принципот на делување е стандарден, загадениот дел се заградува и посипува со апсорбентот. По одредено време прашокот ги впива дериватите на нафта, смесата се собира и се отстранува.
Како што рекоа неговите творци, пронајдокот има низа важни предности. Се работи за многу евтина и максимално достапна суровина, бидејќи само во Башкортостан работат две фабрики за шеќер кои произведуваат по 400 илјади тони отпад.
Покрај тоа, новиот апсорбент е еколошки чист производ кој не ѝ штети на природата и е многу поевтин од увезените пандани.
„Предлагаме користење на природно лесно достапен материјал, кој по своите карактеристики ни најмалку не заостанува зад панданите присутни на пазарот, а меѓу кои има и органски и неоргански апсорбенти. Меѓутоа, предноста не е само во органската материја. При производството се користи отпад, така што од гледна точка на екологијата се работи за двојна придобивка“, потенцира Наталија Кострјукова, една од иноваторите.
Во согласност со целите на националниот проект „Наука и универзитети“, Русија има задача да се вброи меѓу првите пет земји кои вршат научни истражувања и работат на развој во областите приоритетни за научно-технолошки развој. Националните проекти иницирани од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, започнаа во 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче