Жива домашна вакцина против полиомиелитис ги штити Русите од корона

Dmitry Chasovitin/Global Look Press
Руските државјани се заштитени од корона со неспицифичниот имунитет. Советскиот виролог Михаил Чумаков уште пред половина век ја изнесе претпоставката дека живата вакцина против детска парализа може да го ублажи текот на грипот. Центарот „Чумаков“ сега ја тестираше таа хипотеза врз коронавирус.

Живата домашна вакцина против полиомиелитис (детска парализа) може да спречи заболување од коронавирус, што во текот на експеримент го докажаа стручњаците на федералниот научен центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „Чумаков“ на Руската академија на науки. 

Ваква изјава даде директорот на центарот „Чумаков“ Ајдар Ишмухаметов. 

Руски научници претходно изјавија дека руските државјани се заштитени од корона со неспицифичниот имунитет – со еднотипен одговор на имуниот систем на организмот на инфекции. Советскиот виролог Михаил Чумаков во 1960-тите изнесе претпоставка дека живата полио вакцина може да го ублажи текот на грипот. Центарот „Чумаков“ сега ја тестираше таа хипотеза врз коронавирусот САРС-KоВ-2.

„Околу 60 доброволци примија жива полио вакцина, што резултираше со нагло намалување на заболувањата во наведената група. Ја докажавме таа теорија“, рече Ишмухаметов за телевизијата „Русија 1“.

Тој додаде дека научниците на центарот „засега ја оставија настрана вакцинацијата против полиомиелитис како, така речено, прва помош“, додаде тој.

Во Институтот за полиомиелитис и вирусен енцефалитис на Академијата на медицински науки на Советскиот Сојуз (денес центар „Чумаков“) кон крајот на 1950-тите години првпат на светот беше развиена технологија за индустриско производство на жива полио вакцина, со која веќе во 1960 година почна да се имунизира целото население на СССР.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња