На небото над Москва одржана проба за воздухопловниот дел на Парадата на Победата (ВИДЕО)

Следниот пробен лет на авијацијата над Москва и Црвениот плоштад ќе се одржи на 7 мај во рамките на генералната проба за Парадата.

Авиони и хеликоптери на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација прелетаа над рускиот главен град во рамките на тренингот за воздушниот дел од Парадата на Победата. Во свечениот строј имаше 76 летала. Најпрвин прелетаа три тешки хеликоптери Ми-26, а потоа пет хеликоптери Ми-8, Ми-24, Ми-35, Ка-53 и Ми-28Н.

По нив гледачите на небото над Москва здогледаа група од три воено-транспортни авиони Ил-76 додека симулираа полнење на резервоари во воздухот, како и Ту-160 придружувани од ловци Су-35С и бомбардери Су-24.

Заблескаа на московското небо и крилата на носачите на хиперсонични ракети Миг-31К, како и на ловците од петтата генерација Су-57. Следеше ескадрила од десет ловци-бомбардери Су-34, ловци Су-30СМ и Су-30С од Липецкиот авиоцентар. Потоа својата точка „Кубански дијамант“ ја изведоа најдобрите руски акробатски пилоти од групите „Руски витези“ и „Стрижи“.

Пробата заврши со летот на шест јуришни авиони Су-25, кои на 9 мај ќе испуштат чадни ленти во боите на руското знаме. Сите летови на воените авиони и хеликоптери над Москва се изведуваат на висина од 180 до 550 метри и со брзина од 200 до 550 километри на час.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња