Јапонските читатели на порталот Yahoo News Japan ги воодушеви моќниот руски теренец ДТ-30 „Витез“ наменет за арктички услови. Руското возило во текстот се споредува со американски и шведски возила од ист тип, пренесуваат руските медиуми.
Авторот на статијата ги опишува предностите на рускиот модел кој ги комбинира функциите на копнено превозно средство и амфибиско возило. Се покажа дека овој теренец, проектиран за потребите на војската, може да се користи за широк спектар на задачи. ДТ-30 е погоден за работа во тешките услови на Крајниот север, Сибир, Далечниот Исток, Арктикот и Антарктикот на терен со мала носивост (мочуришта, снежни, неуредени и шумски терени) на температури од -50 до +40.
Новинарот потсетува дека во Јапонија постои возило слично на „Витез“ наречено „Црвен саламандер“, но Токио има само еден примерок од овој модел. А рускиот ДТ-30 е масовно специјално превозно средство, објаснува авторот. Според новинарот, мултифункционалниот практичен теренец укажува на „далекусежните геополитички намери на Москва“ на Арктикот, кој стана во последните неколку години „жешка точка на планетата“.
Јапонците изразуваат воодушевување од талентот на руските инженери кои го проектираа ДТ-30 и ги коментираат предностите на „Витез“.
„На времето во САД беше направен и масовно рекламиран „Снежен крузер“ (Antarctic Snow Cruiser), наменет за употреба на Антарктикот. Но, каде исчезна тој? На Американците ништо не им појде од рака. „Снежниот крузер“ стана куп метал. Сепак, Русите имаат големо и богато искуство на живеење во услови на Крајниот Север и на екстремно ниски температури. Ним сé им поаѓа од рака!“, коментира rejisu.
„Ваква техника од шведско производство постои од 80-тите. Дводелни возила Bv.206 се наоѓаат дури и во базите на јапонските сили за самоодбрана, на пример, во базата Садо во Нигата. Тие имаат зајакнати мотори BvS 10. Но, рускиот ДТ-30 остава многу помоќен впечаток. Шведските возила во споредба со нив се како играчки. Браво, Руси! Ваквите возила се неопходни за освојување на огромните пространства на Сибир!“, напиша корисникот bwa.
„Русија е преполна со тешко достапни места. Ваква техника ѝ е неопходна!“, истакнува whw.
„И нам би ни биле потребни на Хокаидо! Но, како се движат по патиштата?“, се прашува masterpiece.
„Со глобалното затоплување, многу терени на вечниот мраз во Русија ќе се топат и ќе преминуваат во употреба. Ваква техника ќе ѝ биде неопходна на Русија!“, убеден е riajunitsuki.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче