Како што се покажа, американските сателити се чувствителни на оружјето кое на различни начини може да ги онеспособи апаратите на орбиталната група на САД. Ова за „Вашингтон Пост“ го изјави командантот на американските вселенски сили, генерал на Военото воздухопловство Џон Рејмонд.
Како што рече тој, „вселената е простор за водење борбени дејствија, како што се и воздухот, земјата или морето“.
Руското оружје е во состојба да ги уништи нашите сателити од земја, од вселената или во сајбер-просторот, изјави Рејмонд.
Генерал, меѓу другото, се плаши од попречување на сателитите за комуникација, „заслепување“ на вселенските летала со ласери или ракети кои можат да бидат лансирани од Земјата и да ги разнесат сателитите во орбитата.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека американските стравувања по повод дејствата на Русија во вселената се неосновани и нагласи дека РФ се залага за соработка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче