Зошто Русија ги спои двете славни компании „Сухој“ и „МиГ“ во еден холдинг?

МиГ-35/Global Look Press
Една од главните причини за обединувањето на двете компании е неопходноста од намалувањето на трошоците што државата ги издвојува за воената авијација, како и претворањето на постојните проекти во комерцијално атрактивни за странските пазар. Првиот резултат од ова спојување се очекува веќе во јули оваа година со ексклузивен новитет. За што станува збор, прочитајте во продолжение на текстот.

Русија ги спои двете главни воздухопловни компании Сухој и МиГ во еден заеднички холдинг. Тој ќе се вика „Дивизија на борбената авијација“ во рамките на Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК).

Гласовите за потенцијалното обединување на двете традиционално јаки и во светски рамки познати авиокомпании кружеа во определени кругови во земјата веќе подолго време, што се потврди и во практика оваа година.

Основни причини за обединувањето

Су-57

Со децении комерцијалната конкуренција помеѓу двете компании завршија со смена на извршниот директор на компанијата Сухој Игор Озар. Неговото место го зазеде извршниот директор на компанијата МиГ Иљја Тарасенко.

„Кога се гледа на комерцијалната дејност, компанијата Сухој во споредба со МиГ беше поефикасна, и навистина изгледа изненадувачки смената на нејзиниот директор. Во кулоарите може да се слушне дека оваа смена е резултат на внатрешното ривалство меѓу самите руски елити“, вели Дмитриј Литовкин, главен уредник на списанието „Независен воен преглед“.

Под водството на поранешниот извршен директор Озар компанијата Сухој успешно заврши голем државен договор кој подразбираше испорака на флота ловци-бомбардери Су-34, како и на повеќенаменските ловци од генерацијата 4++ Су-35С. Компанијата исто така го заврши проектот за создавање на повеќенаменското борбено летало од петтата генерација Су-58, вклучувајќи ја и комплетната подготовка за негово сериско производство. Игор Озар на чело на Сухој беше од 2011 година, а до 2017 година компанијата стана најпрофитабилна меѓу руските производители на авиони.

Во 2018 година приходите на компанијата достигнаа 114.5 милијарди рубли (приближно 1.5 милијарди американски долари), генерирајќи нето добивка од 4.08 милијарди рубли (околу 550 милиони американски долари). Во споредба со неа, приходите на МиГ во 2018 година изнесуваа околу 89.5 милијарди рубли (околу 1.2 милијарди американски долари), а нето добивката изнесуваше околу 3.5 милијарди рубли (околу 500 милиони американски долари).

Су-35С

„Консолидацијата на главните научно-истражувачки и производни капацитети на руската воена авионска индустрија ќе овозможи поефикасна реализација на постојните програми, како и на плановите за развој на перспективни проекти“, велат од информативната служба на Обединетата воздухопловна корпорација – ОАК.

„На модерна Русија едноставно не ѝ се потребни толку борбени авиони како во советско време. Значи, една од главните причини за обединувањето на двете компании е неопходноста од намалување на трошоците што државата ги издвојува за воената авијација, како и претворање на постојните проекти во комерцијално атрактивни за странските пазари“, додава Литовкин.

Што е следно?

Јак-40

И покрај сето тоа, руските експерти не гледаат дека ќе дојде до големи, тектонски промени кога станува збор за руската воена индустрија, конкретно за нејзината воздухопловна компонента.

„Новата компанија ќе се концентрира на завршувањето на постојните проекти (како што се тешките ударни беспилотни летала „Охотник“, како и борбените авиони Су-58 и МиГ-35 и стратешкиот бомбардер ПАК ДА) и ќе продолжи да работи на ловецот-пресретнувач од новата генерација кој ќе го замени МиГ-31. Главната цел на ова обединување во суштина е понатамошно зголемување на приходите на руската воздухопловна воена индустрија преку генерирање проекти кои можат да станат исклучително атрактивни на странскиот пазар. Посебно ќе бидат таргетирани пазарите како Југоисточна Азија и Латинска Америка“, вели Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Според експертот првите резултати од оваа реорганизација во рамките на руската воздухопловна индустрија се очекуваат веќе во јули оваа година, кога се одржува големиот Меѓународен воздухопловно-космички митинг МАКС-2021.

„Обединетиот холдинг најави дека на аеромитингот ќе претстави ексклузивен новитет, поточно прво летало во историјата на Русија кое ќе се движи на електрична енергија. Ајде, уште малку да се стрпиме, па да го видиме и тоа“, заклучува Мураховски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња