Како што пренесува Интернет-порталот „Армејски стандард“ во стандардниот борбен комплет кој е составен од мини со калибар од 120 милиметри модеринизираниот минофрлач со ознака 2С12А доби можност за употреба на високопрецизен пректил КМ-8 „Грањ“. Станува збор за минофрлачка мина со калибар од 120 милиметри која поседува ласерска самонаведувачка глава 9Е430, зад која се наоѓа класично разорно-шрапнелно полнење. Овој проектил може на оддалеченост од 9 илјади метри да погоди неподвижни или подвижни цели, во кој било ден од денот или од ноќта.
Доколку непријателските цели се наоѓаат на меѓусебна оддалеченост до 300 метри, за сите се применува ист агол за време на огненото дејство, поточно нема потреба за дополнително нагодување на елементите за гаѓање. Во ваква ситуација КМ-8 „Грањ“ демонстрира висок степен на прецизност: од 8 испукани проектили 6 ќе ја погодат својата цел, пренесува Интернет-порталот РГ.
Покрај работата на зголемување на прецизноста на оружјето, руските конструктори се занимаваа и со неговите транспортни можности. Најголема новина е промената на транспортното возило кое претходно беше составено од камион со две осовини ГАЗ-66-05. Модернизираната верзија на минофрлачот сега користи триосовински транспортен камион „Урал04320“ кај кој кабината е оклопена со членовите на екипажот, а исто така и товарниот простор во кој може да се транспортира оружјето. Оклопувањето на транспортниот камион го зголеми степенот на заштита кога станува збор за екипажот што го опслужува оружјето, но и борбениот комплет кој оди со него. Добро увежбаните екипажи можат да ги истоварат минофрлачите и да ги постават на огнена положба (до моментот на дејството) и обратно за само три минути, што е неспоредливо покусо во однос на претходните резултати.
Покрај тоа, овој минофрлач може да се транспортира и со габаритно помали возила, на оклопни борбени средства, а исто така и да се натовари на коњи, кога цевката на минофрлачот, држачот и лафетот се носат одвоен по што мошне лесно можат да се состават.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче