Крим: руската армија го активираше гардискиот крстосувач „Москва“ кој носи нуклеарно вооружување

Снимка од екран
Гардискиот ракетен крстосувач „Москва“ кој припаѓа на класата 1164 „Атлант“ претставува борбено најспособен воен брод кој се наоѓа во составот на Црноморската флота. Поради неговото мошне силно ракетно вооружување од класата море-море кое се состои од ракети „Вулкани“ кои покрај конвенционалните поседува и нуклеарни боеви глави, овој крстосувач се нарекува и „убиец на носачи на авиони“.

Гардискиот ракетен крстосувач „Москва“ кој претставува главен брод на Црноморската флота ја напушти поморската база во Севастопољ и влезе во акваторијата на Црното море за изведување обуки со боево гаѓање. Овие активности се во согласност со генералниот план за обука кој е предвиден за борбеното средство со нагласени ударни способности.

Во рамките на овие вежби екипажот на гардискиот крстосувач ќе изведе боеви гаѓања како и ќе извежба тактички елементи на содејство со други воени бродови од Црноморската флота, вклучувајќи и содејство со морнаричките верзии и на хеликоптери кои се наоѓаат во рамките на Морската авијација и на единиците за ПВО.

„Кај ваквите големи пловила наједноставните облици на активност како што е на пример одврзување на бродот, бараат организација на цела операција. На пример, за гардискиот ракетен крстосувач „Москва“ да може да се одврзе и да се одвои од пристаништето, потребно е да се ангажираат најмалку 60 морнари“, вели од местото на настанот новинарот на медиумската куќа „Звезда“.

Кога станува збор за безбедноста, зоната во која ќе се наоѓа ракетниот крстосувач „Москва“ ќе биде затворено за пловење.

Гардискиот ракетен крстосувач „Москва“, кој припаѓа на класата 1164 „Атлант“, претставува најмоќниот воен брод што се наоѓа во состав на Црноморската флота (ЧФ) и генерално припаѓа на групата површински воени пловила со најголема ударна моќ во целата руска морнарица (ВМФ). Неговото место на базирање се наоѓа на полуостровот Крим – поморска база Севастопољ.

Поради неговото многу силно ракетно вооружување од класата „вода-вода“, крстосувачот се нарекува уште и „убиец на носачи на авиони“. Во неговото вооружување има 16 лансирни единици во кои се наоѓа ист број суперсонични ракети П-1000 „Вулкан“ со ефективен дострел и до 1000 км. Се работи за вистински „монструм“ долг речиси 12 метри и тежок 8000 килограми. Нејзината крстосувачка брзина на ниво на море достигнува 2 маха, а целта ја уништува со пробојно-деструктивна боева глава наполнета со речиси половина тон високобризантен експлозив или со нуклеарна боева глава со сила од 350 килограми.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња