Руските снајпери одблизу: едната е најмоќна, другата најдалекустрелна

СВЛК-14С „Сумрак“

СВЛК-14С „Сумрак“

lobaevarms.com
Овие две снајперски пушки на пазарот на оружје најтешко можат да се најдат, а се меѓу најбараните. Малкумина ги тестирале на стрелиште или во битка.

Снајперските пушки SVLK-14C и АСВК се создадени во раните 2000-ти - ова се оружја од голем калибар дизајнирани да погодуваат цели на растојание од 2 километри. Но, која е подобра и зошто?

SVLK-14C или „Сумрак“

Сè на оваа снајперска пушка е направено за да се зголеми нејзината прецизност.

SVLK-14S „Сумрак“

Прво, оваа машина има подобрена верзија на куршумот .408 CheyTac (10.3 милиметри) со поголем волумен и поголема брзина. Оваа пушка нема рамка, и само еден куршум се става во цевката за да се намали бројот на механизми и да се зголеми прецизноста.

Кундакот е изработен од карбонски влакна, што всушност е мешавина од пластика, фиберглас и кевлар. Тоа го прави ова оружје посигурно, бидејќи има челично буре со должина од 900 милиметри и моќен куршум кој прави голем повратен удар.

Куршумот испукан од оваа пушка може да пробие метална плоча со дебелина од 3 сантиметри. Замислете што би се случило доколку таков куршум го погоди непријателот. Ниту еден оклоп нема да помогне.

Снајперската пушка е дизајнирана за спорт и стрелање на екстремно големи растојанија. Тоа е повеќе луксузна играчка за возрасни отколку алатка за убивање и елиминирање на терористите во Сирија.

Сумрак веќе има неколку рекорди, вклучително и 100% погодување со стрелање од далечина од над 2.5 километри и гаѓање во мета на 4.2 километри.

Без нишан тежок е 10 килограми, а нишаните се тешки 2-4 килограми.

Секој „Сумрак“ чини над 37.000 евра без нишан и може да се нарача на веб-страницата на ЛобаевАрмс.

АСВК, најмоќната снајперска пушка во Русија

АСВК е руски аналог на митралезот на НАТО .50 БМГ. Сепак, калибарот е малку поразличен, бидејќи рускиот калибар изнесува 12.7х108 милиметри со капацитет од 17.000 џули, кои лесно пробиваат челична плоча од 20 милиметри на растојание од 500 метри. Тој е 2.000 џули помоќен од американскиот.

АСВК е снајперска пушка создадена од системот „булпап“(рамката со муниција е во пределот на кундакот, зад обрачот).

Ова овозможува значително да се намали должината на бурето, додека димензиите на пушката остануваат исти.

АСВК е големо и моќно оружје со рамка со 5 куршуми. Сепак тој има една голема слабост – прецизноста. Има 2 MOA (минута од аголот - отстапување при истрел) - овој индикатор покажува дека само големи цели можат да бидат погодени на растојание од 1 километар, бидејќи куршумот може многу да отстапи од целта.

За разлика од „Сумрак“, АСВК е воена пушка и користена е во руската кампања во Сирија. Наменета е за ликвидација на лесна оклопна техника и пешадиски единици на растојание од 2 километри.

„Разликата меѓу двата снајпера е во нивната намена – првиот е луксузна спортска пушка, направена за луѓе кои викендот го поминуваат на стрелиштето, а втората е наменета за војската. Првпат беше користена за време на руско-грузиската војна во август 2008 година за уништување непријателската жива сила во лесни оклопни возила“, вели Иван Александров, резервен мајор и поранешен снајперист вклучен во специјалните операции на руските единици (тој побара да не спомнува која дивизија).

Според него, АСВК е создадена како оружје за убиство, без оглед на кој дел од телото погодила. Исто така, има доволно огнена моќ да го „затвори“ моторот на автомобилот кога ќе го погоди. Но, во исто време има мала прецизност.

„Удира во големи цели како лесен оклоп. Не е важно каде ќе удри. Ова оружје од 12.7х108милиметри прави доволно штета да уништи автомобил или да го убие лицето во него“, додава снајперистот.

Оваа снајперска пушка чини колку „Сумрак“ (околу 37.000 евра). Ова е слично на цената на нејзините странски конкуренти, како што се Barret или Accuracy International.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња