ИС-2 на Парада на Победата во Севастопол
Министерство за одбрана на РФКако што пренесува телевизијата „Ѕвезда“, проверено е функционирањето на тенкот во различни режими и под различни оптоварувања. Тенкот совлада на полигонот неколку тешки природни и вештачки пречки.
Сите механизми и склопови функционираа беспрекорно. Како што изнесуваат локалните медиуми, воените стручњаци морале да решат голем број тешки задачи со цел „Јосиф Сталин“ повторно да проработи. Овој тенк бил погоден и запален во Втората светска војна, поради што многу елементи со голем напор беа вратени во функција. Покрај тоа, во текот на сите овие години тенкот стоеше, така што деловите главно 'рѓосаа. Се покажа дека стариот мотор не може да се ремонтира, па инженерите ставија друг.
Планирано е легендарниот ИС-2 да земе учество во историскиот дел на Парадата на Победата на 9 мај во главниот град на Бурјатија.
ИС-2 е вториот модел во семејството на тешки советски тенкови „Јосиф Сталин“. Започна да пристигнува во тенковските единици во 1944 година и беше најмоќниот и најдобро оклопен тенк во тој период. Покрај тоа, машината е единствена и по тоа што конструкторите не се надоврзаа на некој предвоен модел, туку направија целосно нов тенк од почеток до крај, и тоа во годините на Втората светска војна. ИС-2 можеше комотно да им се спротивстави на германските „Пантери“ и „Тигри“. Овие советски тенкови одиграа важна улога во борбите 1944-1945 година. Особено ефикасни беа во јуриш на утврдени непријателски позиции и градови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче