Ловци Су-27 во воздушна битка: Кадри од маневри на Балтичката флота (ВИДЕО)

Су-27

Су-27

Вадим Савицки/Global Look Press
Пилотите на морнаричката авијација на Балтичката флота тренираа борба во воздух на ловци Су-27.

Во рамките на планираните летови, пилотите на ловците Су-27 на единицата на морнаричката авијација на Балтичката флота одржаа тренинг во кој вежбаа елементи на воздушна битка против условниот непријател. Во исто време се увежбуваше и условна примена на авионско оружје.

Вежбата беше замислена на начин на кој „непријателските“ авиони го нарушуваат воздушниот простор на Руската Федерација и се обидуваат да бомбардираат стратешки важни воени објекти. Веднаш штом добија сигнал дека непознати летала влегуваат во воздушниот простор на земјата, ловците Су-27 полетаа за да ги пресретнат, откријат и идентификуваат авионите на условниот непријател и потоа да ги „уништат“ во воздушна борба.

Екипажите во склоп на тренингот изведоа забрзана подготовка на ловците за полетување, полетување во пар и електронско лансирање на наведувани ракети врз воздушни цели. Летовите се изведуваа на дневна светлина и во ноќни услови. Во вежбата учествуваа повеќе од десет екипажи на авионите Су-27 на Балтичката флота.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња