Фронт-Сирија: по терористите во пустината се распука руски тежок снајпер АСВК (ВИДЕО)

Скриншот
Од видеоматеријалот се гледа борба во пустински услови во која е употребена руска тешка снајперска пушка со голем калибар АСВК која користи муниција 12,7х108 мм. Настанот се случи на истокот од земјата за време на судирот со еден од терористичките одреди кои често знаат да организираат заседи тука.

Судејќи според сè, од неа дејствува припадник на Силите за специјални операции (рус. ССО), кои се практично целосно ангажирани на ова боиште, на кое се стекнаа со сериозно борбено искуство кога станува збор за борба против високо мотивиран (верска индоктринација) и немилосрден противник кој ги користи сите можни тактички лукавства што ги нуди технологијата на 21 век.

АСВК („армейская снайперская винтовка крупнокалиберная“; Индекс ГРАУ — 6В7, со дневни и ноќни нишани мод. 6С8/6С8-1) е руска снајперска пушка со голем калибар, која се појави 2004 година како производ на конструкторскиот завод „В. А. Дегтјарев“ во Коворово. Пушката е направена на база на КСВК („Ковровская снайперская винтовка крупнокалиберная“) и СВН-98 („снайперская винтовка Негруленко“).

Според својата конструкциска шема, користи т.н. булпап-механизам, со што се намалија нејзините димензии. АСВК користи муниција со калибар 12,7x108 мм. Пушката се полни со рамка со капацитет од 5 куршуми. Почетната брзина на куршумот на устата на цевката достигнува 780 м/сек. Ефективниот дострел на пушката е 1500-1800 метри. Тежината на „голата“ пушка без рамката со муниција и оптичкиот нишан е 12,5 килограми. Нејзината вкупна должина достигнува 1420 мм, додека на должината на пушчената цевка отпаѓаат 1000 мм. Рамковната брзина на гаѓање е до 10 куршуми во минута.

Што се однесува до нејзината прецизност, таа изнесува > 2 MOA, поточно, со употреба на обичен куршум пушката на 300 метри ги групира погодоците во круг со максимален дијаметар од 160 мм. Цевката на пушката се карактеризира со зголемен век на траење во однос на нејзините претходници. Производителот гарантира најмалку 3000 испукани куршуми по цевка. Доколку оружјето се чисти правилно и се одржува, нејзиниот животен век може да достигне 5000 испукувања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња