Русија би можела да ја заземе водечката позиција во производството на зелен водород, изјави генералниот директор на Меѓународната соларна алијанса Аџај Матур.
Во интервју за новинската агенција РИА „Новости“ тој рече дека на долг рок Алијансата го разгледува зелениот водород, кој се добива со поделба на молекулите на водата со сончева енергија, како еден од обновливите извори на енергија. Притоа полесен е за транспортирање и таков водород е посоодветен за употреба во транспортот и во индустријата.
„Тоа е онаа сфера во која Русија може да стане лидер. Вашите хидроцентрали ја имаат клучната улога во светските достигнувања во електролизата на водата. Ние би сакале да го усвоиме тоа искуство“, истакна Матур.
Според проектот на Концептот за развој на водородна енергија до 2024 година, Русија планира до 2050 година да инкасира од 23,6 до 100,2 милијарди долари годишно од извоз на водород. Во перспектива Русија сака да испорача на светскиот пазар 7,9 до 33,3 милиони тони еколошки чисти видови на водород.
Потрагата по алтернативни решенија за класичните извори на енергија стана особено актуелна последната деценија на фонот на климатските промени. Како замена на нафтата и гасот се разгледува водородот. Во чиста форма практично го нема Земјата, но може да се добие од голем број присутни ресурси. Еден од начините подразбира електролиза, при што водата се дели на кислород и водород со помош на електрична енергија. Ако струјата што се користи за време на процесот доаѓа од обновливи извори како ветер или сонце, таквиот водород се нарекува обновлив или зелен.
Матур исто така укажа на огромниот потенцијал на Русија за производство на соларна енергија, особено во нејзиниот јужен дел, посочувајќи дека РФ и ISA можат да научат многу едни од други. Како што истакна той, бидејќи Русија е најголемата земја на светот, во Алијансата се надеваат дека таа ќе стане членка на организацијата.
Меѓународната соларна алијанса дава наменска платформа за развој на координација помеѓу земјите богати со соларни ресурси со цел да се постигне заедничката цел за зголемување на употребата и квалитетот на сончевата енергија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче