Ова го објави весникот „Известија“, повикувајќи се на извор од рускиот воен ресор.
Според информациите на весникот, по тој повод годинава во состав на силите за радиоелектронско војување ќе се одржат маневри. Што се однесува до одржувањето на овие вежби на ниво на целата земја, нивното одржување се очекува следната година. „Создавањето на практично непробојна заштита ќе биде можно не само кога станува збор за воени објекти, туку и за објекти за социјална и индустриска намена“, тврди изданието.
Воениот историчар Дмитриј Болтенков истакнува дека системите за радиоелектронско војување, на пример, можат да создаваат пречки за сателитската навигација, да го нарушуваат сигналот на радискиот алтиометар и да ги блокираат каналите за комуникација со копнените станици. Исто така, „се работи и на директни методи на дејствување засновани врз нови физички принципи што буквално ќе ја изгорат електрониката на леталото“.
Според воениот експерт Виктор Мураховски, се работи за изработка на систем кој ќе ги опфати и системите за противвоздушна одбрана (ПВО) и средствата за радиоелектронско војување“.
Како перспективни средства за радиоелектронско војување весникот, меѓу другото, ги наведува системите „Поле-21“, „Мурманск-БН“ и „Красуха-4“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче