На вежбите на полигонот во Кузбас војниците на Централниот округ од затворените огнени позиции гаѓаат објекти на оддалеченост од два километри. Прецизноста на гаѓањето е стопроцентна. Беспилотните летала помагаат да се најдат позициите на непријателот.
„Орлан 10“ врши извидување на теренот од висина од пет километри. Податоците пристигнуваат во командниот пункт, каде се донесува одлука минофрлачките екипажи да извршат напад на целите. За време на работата на артилеријата, беспилотното летало врши корекција на огнот.
Борбената готовност на војската се проверува ширум земјата. Во Тверската, Мурманската, Новосибирската, Кемеровската, Воронешката, Астраханската област, во Бурјатија, Тува, Забајкалието и Приморскиот крај.
БМП-2 ја погодува целта за само 15 секунди. Метите кои имитираат оклопна техника намерно се движат хаотично. Екипажите мораат да ја одредат траекторијата на движењето на целта и дури потоа да отворат оган. Механизираните пешадиски единици на Приморјето вршат контролни гаѓања на растојание од еден и пол километар.
Додека механизираната пешадиска бригада ги извршува задачите во планините во Тува, од воздух ја покриваат ескадрили борбени хеликоптери Ми-8 на Централниот воен округ.
Во склоп на контролната проверка воените пилоти извршуваат повеќе борбени задачи, како што се поддршка на копнени трупи на екстремно мали висини и оддалечување од системите на ПВО на условниот непријател. Притоа полетувањето се изведува на тежок терен од неопремени места.
И не само на копно и во воздух, туку и на море. Проверката на борбената готовност се однесува на сите родови и видови војска. Во командно-штапските вежби во Баренцовото море учествуваат нуклеарни подморници и воени бродови на Северната флота. Се врши префрлање и распоредување на системи за ПВО на арктичките географски ширини, патролирање на оддалечени територии и спроведување спасувачки операции на вода. Војниците ги извршуваат стратешките задачи под раководство на командантот на Воената морнарица на Русија адмирал Николај Евменов.
Големата проверка на борбената готовност на руската армија ќе трае до крајот на месецот, како што на 6 април најави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу. Тоа е завршната точка и главниот испит по зимската фаза на обука во руската армија, пишува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче