„Сонцепјок“ во пустина: Саудиска Арабија употреби ТОС-1А

На социјалните мрежи се појавија снимки од ноќни напади од еден таков борбен систем. Системот е распореден на пустински терен и врз непријателот се истрелани пет ракети со калибар 220 милиметри.

Копнените сили на Саудиска Арабија започнаа интензивно да користат руски тешки повеќецевни ракетни лансери ТОС-1А против приврзаниците на движењето „Ансар Алах“.

Објавена е и фотографија од гаѓање дење. За волја на вистината, засега не се соопштува колку биле ефективни тие напади.

Првите информации за тоа дека Саудиска Арабија има системи „Сонцепјок“ се појавија во медиумите на почетокот на април 2019 година. Познато е дека договорот за нивна набавка датира од 2017 година.

Откако системите пристигнаа во регионот, некои експерти очекуваа дека тие практично веднаш ќе се најдат на борбените редови, но се чини дека тоа се случило дури сега.

Саудиска Арабија е седма странска земја која го има купено овој систем, еден од најразорните и најефикасните на светот.

Како платформа на која се монтира комплет од 24 лансирни цевки се користат основни борбени тенкови Т-90С со комбиниран оклоп и вградена динамичка заштита. Моќноста на моторот им е 1000 коњски сили. Максималната брзина на пат им е 60 километри на час. Екипажот го сочинуваат 3 лица.

Во моментов, за ракетните лансери се проектирани ненаведувани ракети со калибар 220 милиметри со максимален дострел од 6 километри. Тие се прилагодени за употреба во услови на високи температури до 50 степени Целзиусови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња