Радарот е особено ефикасен во услови на изведување борбени дејствија кога непријателот масовно применува средства за радиоелектронски пречки. Се одликува со брзо скенирање на комплетниот простор што го зафаќа, како и со уште побрза обнова на комплетните информации (до 5 секунди). Екипажот се состои од 3 оператори кои поминале изискувачка и специфична обука за ракување со овие средства. Комплетниот радар се наоѓа на влечна приколка.
„Противник-Г“ е производ на рускиот концерн „Алмаз-Антеј“ („Нижегородски научно-истражувачки институт за радиотехника“ ННИИРТ) .Станува збор за мобилна тродимензионална радарска станица која работи во дециметарски дијапазон на електромагнетните бранови.
Според различни податоци, ефективниот опсег на детекција на овој радар е до 400 км во далечина и 200 км во висина. Во тој простор „Противник-Г“ може истовремено да следи 150-200 различни воздушни цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче