Рускиот Институт за имуногологија при Федералната медицинско-биолошка агенција патентираше препарат против коронавирусот во вид на спреј за нос или инхалација под називот МИР-19 (кратенка од „мала интерферирачка РНК“). Ова не е уште една вакцина, ами лек кој дејствува на сосема поинаков начин. Зборуваме за перспективите на новиот лек.
Според изумителот, МИР-19 е препарат заснован на примена на микро РНК. „Тој е безбеден за човекот, не влијае на човековиот геном и на имунитетот, а притоа исклучително ефикасно го 'исклучува' копирањето (реплицирањето) на вирусот и ги спречува најтешките облици на развој на заразната болест КОВИД-19, вели раководителот на Агенцијата Вероника Скворцова.
Микро РНК се рибонуклеински киселини кои играат клучна улога во регулирањето на работата на генот. Едноставно кажано, тоа се молекули кои се во состојба да ги „исклучат“ рибонуклеинските киселини на вирусот, напаѓајќи ги како мети и ги спречуваат да го кодираат протеинот, значи, се размножуваат“.
Но, за таа цел треба да се најдат такви специфични микро РНК кои би реагирале токму на определени делови на РНК геномот на SARS-CoV-2 и во тоа е главниот проблем. Засега се пронајдени околу 2.5 илјади микро РНК на човекот и постојано се трага по нови во лабораториите ширум светот.
Во руската Агенција сметаат дека такви специфични микро РНК се пронајдени и дека токму на нив се засновува новиот препарат. Опишан е како единствен, а деталите за неговиот развој се изнесени во европското списание „Алерџи“.
Инаку, идејата во врска со спрејот воопшто не е нова и во научната заедница се смета за перспективна. Околу назалните спрејови за заштита од коронавирусот и лекувањето се борат британските, швајцарските и кинеските научници. Меѓутоа, засега официјални препарати направени специјално за борба против КОВИД-19 сè уште нема. Не е ни чудо, велат руските научници.
Меѓутоа, работата е во тоа што во дишните патишта понатаму лекот се среќава со мноштво препреки, а тие се особени активни во акутниот облик на болеста. Односно, тука има мошне многу специјални клетки на имуниот систем, слуз, и сето тоа го спречува препаратот да дојде во клетката, вели раководителот на научната експертиза на фармацевтскиот хеџ-фонд Inbio Ventures Иљја Јасни.
Самата микро РНК терапија сè уште не е доволно проучена, во светот се регистрирани само три-четири интравенски препарати за ретки болести на црниот дроб, а средствата за респираторни болести со докажана делотворност воопшто нема. „Микро РНК е мошне тешка и специјална молекула, постојат многу нијанси, пред сè во поглед на тоа како да се испорача во клетката и како да се направи доволно селективна“, смета Јасни.
„За жал, без оглед на убеденоста на неговите творци во високата делотворност на препаратот, тоа допрва треба да се докаже. Патентот не зборува ништо за ефикасноста. Обично се патентира перспективен модел, а потоа започнуваат клиничките испитувања“, нагласува директорката на Институтот за економија на здравствената заштита на Високата школа за економија Лариса Попович. Обично се патентира молекула чие користење се планира во истражувањата и тоа е вообичаена практика, но не значи дека препаратот кога и да е ќе го види светлото на денот.
МИР-19, пак, ја мина само првата фаза на клинички испитувања на душкала. Професорот на Институтот за наука и технологија во Сколково и професор на Државниот универзитет во Њу Џерси Константин Северинов се запозна со текстот во списанието „Алерџи“ и смета дека сè уште рано да се зборува за постојниот лек.
„Она што е регистрирано е направено во некој моделиран систем, речиси во епрувета. И тоа е проверено, обрнете внимание, на сириски душкала. Тие се заразени со коронавирусот и поради тоа добиле блага кашлица. Значи покажано е дека ако душкало вдише спреј кој го содржи овој молекул, нивото на кашлицата ќе се намали. И тоа е всушност сè“.
Северинов смета дека од спомената фаза до лек за човекот е далеку „како до Месечината“. Во овој момент постои еден од таканаречените молекули кандидати (Федералната агенција и го патентираше). Во светот се развиваат стотина вакви молекули, уверен сум, Само некои од нив минуваат клинички испитувања, а уште поретко стануваат лекови. Засега овој чуден молекул е покажан само на душкала“.
Во овој момент препаратот МИР-19 се наоѓа во втора ваза на клинички испитувања на луѓе заболени од КОВИД-19.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче