Ракетните бродови на Касписката флотила на вежби

Reuters
Во рамки на проверката ќе бидат ангажирани околу дваесет борбени бродови и помошни пловила.

Екипажите на малите ракетни бродови „Велики Устјуг“ и „Град Свијажск“ на Касписката флотила испловија на отворено море каде што вршат боеви гаѓања. Вежбите се одвиваат во рамките на контролната проверка за зимскиот период на обука, соопшти службата за односи со јавноста на Јужниот воен округ на руската војска.

Оган ќе биде отворан од бродски артилериски системи А-190 „Универзал“ врз цели, кои симулираат непријателски бродови, како и врз цели на островот Чечен, кои се во улога на поморски десант на противникот.

Бродските екипажи со помош на системите за радиоелектронско војување ќе направат лажни цели. Припадниците на радиотехничката единица ќе постават лажни цели со помош на системот ПК-10 „Смели“, а артилерците ќе реализираат гаѓања од бродските орудија врз цели на копно и на море.

Ќе бидат вклучени вкупно околу дваесетина борбени бродови и пловила, меѓу другото и базниот миноловец „Магомед Гаџиев“, малите артилериски бродови „Волгодонс“, „Астрахан“, ракетните бродови „Татарстан“ и „Дагестан“.

Малите ракетни бродови од проектот 21 631 (шифра „Бујан-М“) се руски повеќенаменски ракетно-артилериски бродови со мал депласман за блиска морска зона.

Официјалната цел на бродовите на тој проект е чување и заштита на економската зона на државата. Меѓутоа, практичната борбена примена на бродовите од овој проект од водите на Каспиското и Средоземното море врз цели во Сирија ги покажа нивните широки борбени можности.

Изградбата на „Велики Устјуг“ започна на 27 август 2011 година. Тоа е вториот сериски произведен брод од овој проект. Спуштен е во вода на 21 мај 2014 година.

А-190 „Универзал“ е универзален бродски артилериски систем конструиран од Централниот научен и истражувачки институт од Нижни Новгород „Буревесник“. Сериски се произведува во две верзии

(190Э – класична купола, А-190-01 купола реализирана во таканаречена стелт-технологија).

Се поставува на бродови со депласман од над 500 тони, вклучувајќи фрегати, корвети, патролни бродови и БПК. Во Воената морнарица прв го доби малиот ракетен брод „Град Свијажск“. Потоа беше поставен на уште неколку бродови.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња