Шојгу даде попрецизни податоци за единиците на руската армија кои се префрлени на западот на земјата

Иљја Питалев/Sputnik
Сите единици се распоредени во зоните во кои наредните две недели ќе се одржат контролни проверки. Врз основа на првите информации, овие единици се подготвени секој момент да одговорат на сите потенцијални предизвици и да ја заштитат територијата на Руската Федерација.

Руската армија во претходните три недели префрли на западната граница две оперативно-стратешки единици со јачина на армија и три формации од составот на ВДВ, изјави рускиот министер за одбрана и генерал на армија Сергеј Шојгу.

„Во претходните три недели, две армии и три единици на ВДВ беа успешно префрлени на западните граници на Руската Федерација и распоредени во реоните на реализација на своите задачи“, рече Шојгу на состанокот што се одржа денес во Североморск, пренесува РИА „Новости“.

Тој потсети дека „војската покажа висок степен на готовност и способност за извршување задачи кога станува збор за обезбедување на воената безбедност на земјата“.

„Во овој момент сите здружени и самостојни единици учествуваат во воени вежби. Според утврдените планови, сите активности поврзани со проверка на овие формации ќе бидат завршени во наредните две недели“, рече министерот.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња