ВИДЕО: Кадри од уникатен десант на морнаричката пешадија на Камчатка

На Камчатка се одржа обука на единиците на морнаричката пешадија на војските и силите на Североисточна Русија. Противдесантната одбрана на „непријателот“ беше пробиена од морнаричките и воздушните падобранци, пишува „Росијскаја газета“.

Морнаричката пешадија, чиј баталјон беше поддржан од противвоздушната артилерија, изврши десант на неопременото крајбрежје од големите десантни бродови „Адмирал  Невељској“, „Пересвет“ и „Осљабја“. Уникатниот десант беше снимен на видео.

„Деминирањето, заземањето и задржувањето на делот од крајбрежниот појас до пристигнувањето на главните сили беше обезбеден од борбени нуркачи со поддршка од винг хеликоптери Ка-29, Ми-8АМТС и борбени тактички групи со брзи пловни средства“, соопшти прес-службата на Источниот воен округ.

Уникатноста на обуката е што истовремено со одработувањето на дејствија на брегот, 600 војници од десантно-јуришниот баталјон првпат се приземјија со падобрани од четири авиони Ан-12 и Ан-26. Авионите реализираа по четири лета. По приземјувањето, морнаричката пешадија го зазеде и задржа крајбрежјето.

Во вежбата учествуваа вкупно 1400 војници и над 250 единици борбена и специјална техника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња