Во Русија направено „севидечко око“ за спецназот

„Росэлектроника“
Централниот научноистражувачки институт „Циклон“ (дел од холдингот „Роселектроника“) направи универзален уред за набљудување и извидување каков што Русија немала досега.

Овој уред е наменет за специјалните единици и може да детектира луѓе и техника без оглед на времето на денот и временските услови.

Уредот „Сич“ („Сыч“) има функции на термовизиска камера, телевизор и ласерски далечиномер. Исто така, има вграден дигитален магнетски компас и модул за сателитска навигација.

Апаратот се прави во две варијанти - едната е со среден, а другата со голем домет. Се разликуваат по термовизискиот модул. Моделот „Сич-ПР-С“ користи термовизиски модули со неладен инфрацрвен детектор кои работат во дијапазон од 8-12 микрометри. Тој детектира луѓе и техника на растојание од 1,5 км и 2,5 км (во зависност од дијапазонот). Вториот модел е „Сич-ПР-Д“, користи ладен детектор во дијапазон од 3-5 нанометри, така што има двојно поголем домет.

„Вградениот ласерски далечиномер работи на растојанија од 100 метри до 5 километри. Уредите се тестирани во фабриката. Сериското производство треба да започне до крајот на годината“, изјави генералниот директор на „Циклон“ Петар Коваљов.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња