Советските топови ЗиС-3 со калибар 76 милиметри во Виетнам се прилагодени за крајбрежна одбрана. Овие орудија беа успешно користени во Втората светска, а потоа и во многу локални конфликти, а Народната армија на Виетнам ги користи и ден-денес.
Во репортажа објавена на социјалните мрежи може да се види како борците ја истеруваат „тројката“ од бетонско засолниште.
Седумчлен екипаж рачно ги извршува сите операции за кратко време. Од отворената позиција каде што е поставен топот добро се гледа морето, така што од таму може да се гаѓаат бродови и чамци кои пловат кон брегот, како и пловечки тенкови и оклопни транспортери.
Познато е дека противоклопните проектили на вакви артилериски системи имаат дострел од 4000 метри, а фрагментарно-експлозивните над 13000 метри. Брзината на стрелба е 25 гранати во минута.
"Let's help the old man stretch"
— Lee Ann Quann (@AnnQuann) April 3, 2021
One of many island installations of Vietnam People Army mobilizing for an anti-invasion exercise. This installation features a Soviet Zis-3 field gun. Vietnam still operates quite a few Zis-3s in defensive emplacements and support units. pic.twitter.com/mjPPZfUgnS
Виетнамската армија за слични потреби ги користи познатите тенкови Т-34-85 од Втората светска војна. На локалната телевизија беше прикажана воена вежба со употреба на тие тенкови.
Воената морнарица на Виетнам, се разбира, има и современа противбродска ракетна техника. На пример, неодамна беше соопштено дека оваа земја започна со производство на сопствена верзија на руската ракета Х-35. Се смета дека главната ударна моќ ја имаат дивизионите опремени со моќните мобилни системи со голем дострел „Бастион-П“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче