Русија прва во светот регистрира корона вакцина за животни

Getty Images
Клиничките тестирања на руската вакцина „Карнивак-Ков“ почнаа во октомври минатата година, беа извршени врз кучиња, мачки, лисици, визони и други животни и 100% од вакцинираните животни развија антитела на коронавирус.

Во Русија е регистрирана првата вакцина против коронавирус за животни, соопшти заменик-директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија Константин Савенков, најавувајќи дека нејзино масовно производство би можело да биде стартувано во април.

„Инактивираната вакцина „Карнивак-Ков“, развиена од Федералниот центар за здравјето на животните, е регистрирана во Русија. Тоа е првиот и моментално единствениот профилактички препарат на светот против Ковид-19 за животни”, рече Савенков.

Според него, клиничките тестирања на руската вакцина „Карнивак-Ков“ почнаа во октомври минатата година, беа извршени врз кучиња, мачки, лисици, визони и други животни.

„Резултатите од истражувањето ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна и високо имуногена, бидејќи 100% од вакцинираните животни имаат развиено антитела на коронавирус“, нагласи Савенков.

Руските научници продолжуваат да проучуваат колку долго се развива имунитетот по примената на препаратот, а Савенков вели дека во моментов овој показател е најмалку шест месеци.

Тој истакна дека за рускиот препарат се заинтересирани и други земји, вклучувајќи ги Грција, Полска, Австрија, САД, Канада и Сингапур.

Савенков истакна дека вакцината е од особено значење бидејќи, како што истакна Светската организација за здравјето на животните, некои животински видови се чувствителни на коронавирус, а случаи на Ковид-19 кај животни се регистрирани во многу земји.

До денес, во Русија официјално се утврдени два случаи на зараза на мачки.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња