Авионот полета од пистата на аеродромот на ВАСО и малку подоцна слета на истото место. Снимката е објавена на Телеграм-каналот на државната корпорација „Ростех“.
„Тест-пилотите, според обичајот, по слетувањето беа пречекани со цвеќе и фрлање во воздух. Атмосферата на аеродромот на Воронешкото претпријатие за производство на авиони, како што велат очевидците, беше празнична“, се наведува во соопштението.
Во вторникот перспективниот руски воен транспортен авион „Илјушин“ Ил-112В го изведе својот втор лет. Во текот на летот беа проверени различните начини на работа на погонскиот систем, стабилноста и реакциите на командите на авионите, како и функционирањето на неговите основни компоненти. Летот траеше околу 30 минути.
Ил-112В е првиот воен транспортен авион што во Русија е проектиран од нула во постсоветскиот период. Работата над него започна во 2014 година во Авијацискиот комплекс „Илјушин“ (дел од државната корпорација „Ростех“). Авионот ќе може да пренесува до пет тони товар и е наменет за превоз на војници, воена техника и вооружување. Леталото треба да ги замени турбоелисните авиони Ан-26 и Ан-24. Планирано е да влезе во сериско производство во 2023 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче