Во Сирија е забележано оклопно возило кое учествуваше во операцијата за ослободување на Палмира

Во Сирија заедно со оклопните возила „Тигар“, „Тајфун-К“, „Рис“ мошне успешно се користат и оклопните возила од типот К-43269 „Вистрел“. Тие на Интернет-мрежата често се појавуваат во пустинска шара со камуфлажна боја, вооружени со митралезот НСВ „Утјос“ кој користи муниција со калибар од 12.7 милиметри.

Првите податоци за примената на овие возила на фронтот ја видоа светлината на денот уште во октомври 2015 година. Потоа К-43269 и неговата извидувачка модификација „Дозор“ мошне често се појавуваа во различни мисии, особено за време на борбата за ослободување на Палмира, пренесува Интернет-порталот РГ.

Во целина гледано, сите модели на руската оклопна борбена техника во текот на својата борбена проверка во Сирија прикажаа завидно ниво на сигурност и едноставност за време на нивната експлоатација.

Кога станува збор за оклопното возило К-43269 „Вистрел“, неговата тежина достигнува 10.5 тони. Екипажот е составен од двајца. На возилото може да се монтира ПКТ со калибар од 7.62 милиметри, тежок митралез „Утјос/Корд“ со калибар од 12.7 милиметри и автоматски фрлач на гранати АГ-17 „Пламја“ со калибар од 30 милиметри.

Силата на моторот што ја генерира ова возило достигнува 240 коњски сили. Максималната брзина на пат изнесува 90 километри на час. Со еден резервоар може да совлада оддалеченост од 1.100 километри.

Руските конструктори го развија проектот на потешко вооруженото возило од овој тип на кое предвидоа вградување на тежок митралез КПВТ кој користи муниција од 14.5 милиметри. Тој е тежок респектабилни 52.2 килограми. Најчесто се полни со реденик со капацитет од 50 куршуми, кој е тежок речиси 12.5 килограми. Митралезот КПВТ користи три вида куршуми со калибар од 14.5х114 милиметри. Тоа се панцирно-запаливите БС-41 и Б-32, панцирно-запаливо-обележубвачките БЗТ и БСТ и запаливите ЗП и МДЗ. Неговата почетна брзина во устата на цевката изнесува 1.000 метри во секунда, а енергијата на куршум со тежина од 33 грама достигнува 32.000 џули. Се проценува дека панцирно-запаливиот куршум БС-41 на оддалеченост од 500 метри може да пробие челична плоча со дебелина од 2.5 сантиметри.

И тоа не е сè кога станува збор за понатамошното вооружување на ова возило. Предвидено е на него да се интегрираат куполи без посада кои се вооружени со автоматски топ со калибар од 30 милиметри што ги произведува компанијата АП ЦНИИ „Буревестник“ од Нижни Новгород. Покрај автоматскиот топ кој е впрегнат на тенковскиот митралез ПКТ со калибар од 7.62 милиметри, на возилото можат да се монтира и противтенковскиот ракетен систем „Конкурс“, вклучувајќи ги и контејнерите за лансирање со ракети за ПВО со краток дострел „Стрела-10М“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња