Во Санкт Петербург спуштена во вода подморницата „Магадан“

Скриншот
Подморницата е опремена со ракетен систем „Калибар“ и моќно торпедно вооружување.

Во Петербург е спуштена во вода подморницата „Магадан“, наменета за Тихоокеанската флота. Вооружена е со офанзивниот ракетен систем „Калибар“ и моќни торпеда.

Подморниците од оваа серија ја откриваат целта на оддалеченоста од која непријателските радари не можат да ги откријат нив. Поради тоа во НАТО го добија називот „Црни дупки“.  

Главното офанзивно оружје на подморниците се крстосувачките ракети „Калибар-ПЛ“, кои се истрелуваат од торпеден апарат. Токму такви ракети врз терористите во Сирија истрела подморницата од проектот 636.3 „Ростов на Дон“.

Подморниците од модифицираниот проект 636 имаат повисоко ниво на борбена ефикасност (во споредба со претходните проекти). Покрај минско и торпедно вооружување (шест торпедни апарата во носот со комплети од 18 торпеда или 24 мини), „Варшавјанките“ имаат и сопствени средства за противвоздухопловна одбрана – пренослив противвоздушен ракетен систем „Стрела-3“ или „Игла“ со наведувани ракети од класата „површина-воздух“. Во кормиларницата е поставен специјален херметички одбојник за овие системи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња