Што ќе покаже Русија: „Национален Интерес“ го одбра најсмртоносното оружје на Парадата на Победата

Сергеј Фадејчев/TASS
Во Америка веќе наголемо се предвидува кои видови оружје ќе ги претстави Русија во мај на Парадата на Победата, и што од тоа ќе биде најинтересно.

„Национален Интерес“ (The National Interest) во текстот под наслов „Русија наскоро ќе ни го покаже најсмртоносното оружје“ издвојува пет најнапредни и најопасни разработки.

На прво место се наоѓа тенкот Т-14 „Армата“. Авторот на текстот го нарекува високотехнолошки тенк и потсетува дека Т-14 веќе учествувал на парадите во чест на Денот на Победата. Новиот тенк има купола без човечки екипаж, моќно оружје, системи за динамична оклопна заштита „Малахит“ и активна заштита „Авганит“. Во состојба е да отвори оган со ракети со ласерско наведување и има многу други подобрувања.  

Гласилото исто така наведува дека на прославата на Денот на Победата ќе се појави Су-57 кој е окарактеризиран како водечки ловец од петтата генерација, како и надалеку познатиот противвоздухопловен ракетен систем С-400 „Триумф“.

С-400 претставува не само огромен напредок во однос на С-300, туку е и далеку поуниверзален од претходникот. Овој противвоздухопловен ракетен систем може ефикасно да дејствува на мали и големи растојанија. С-400 е сигурно најнапредниот систем за ПРО во Русија (барем додека не биде примен во вооружувањето системот С-500), пишува гласило.

Рускиот хиперсоничен авијациски ракетен систем Х-47М2 „Кинжал“ е уште едно „напредно и смртоносно“ оружје кое, како што забележува „Национален Интерес“, ќе биде прикажано на Парадата. Ракетата „Кинжал“ може да се пофали со максимален домет на лет од 3000 километри и максимална брзина од 12 Маха при лансирање од бомбардер Ту-22М3, пишува американскиот магазин.

Покрај тоа, се споменува тенкот Т-90М, кој има нова конструкција на куполата, топ 2А46М-5, динамична заштита „Реликт“ и систем за управување со огнот „Калина“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња