„Рускиот фонд за директни инвестиции и српскиот институт „Торлак“ договорија производство на вакцината против коронавирус „Спутник V“ во Србија. Процесот на производство би можел да биде воспоставен во мај, соопшти Фондот, пренесува новинската агенција ТАСС.
„Рускиот фонд за директни инвестиции и институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ договорија производство на вакцината против коронавирус „Спутник V“ во Србија. На тој начин Србија ќе биде првата земја во јужна Европа која ќе произведува „Спутник V“. Во догледна иднина препаратот ќе се извезува во другите земји од регионот.
Почетокот на производство на вакцината „Спутник V“ во Торлак се очекува во мај оваа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче