Во Русија почна производството на третата вакцина против коронавирус

Центар „Чумаков“

Центар „Чумаков“

Виталиј Белоусов/Sputnik
Производството на третата руска вакцина против коронавирус почна на платформата на Центарот „Чумаков”. „КовиВакˮ спаѓа во таканаречените целовирусни вакцини. Во нејзината основа се користи вирус SARS-CoV-2 кој е специјално обработен на начин што ќе ги изгуби своите инфективни својства, а ќе ја задржи способноста да предизвика имуна реакција. Таквите вакцини содржат цел комплет протеини на вирусната компонента и според тоа имуниот одговор, како што се очекува, ќе биде најцелосен.

Почетокот на производството на вакцината „КовиВак“ го означи министерот за наука на Русија Валериј Фаљков. Тој го дочека првото пакување ампули со вакцината со ознака 0001. „Така третата руска вакцина влегува во употреба и наскоро ќе се појави во руските региони“, се наведува во соопштението, пренесуваат медиумите.

Во Русија во моментов се регистрирани три вакцини против инфекција со коронавирус: „Спутник V“ на центарот „Гамалеја“, „ЕпиВакКорона“ на новосибирскиот научен центар „Вектор“ и „КовиВак“ на центарот „Чумаков“ Интересно е што сите овие препарати покажуваат висока ефикасност, исто така и против новите соеви на вирусот. Досега руските граѓани имаа можност да ја примат само вакцината „Спутник V“.

Вакцината „КовиВакˮ спаѓа во таканаречените целовирусни вакцини. Во нејзината основа се користи вирус SARS-CoV-2 кој е специјално обработен на начин што ќе ги изгуби своите инфективни својства, а ќе ја задржи способноста да предизвика имуна реакција. Таквите вакцини содржат цел комплет протеини на вирусната компонента и според тоа имуниот одговор, како што се очекува, ќе биде најцелосен.

Вакцината „КовиВак“ беше регистрирана во февруари годинава. Почетните количини на новата вакцина ќе почнат да се применуваат кон крајот на март, додека до крајот на годината можат да бидат произведени најмалку 10 милиони дози. Капацитетите на центарот овозможуваат во првите шест месеци да се произведат 775 илјади дози, изјави претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров. „КовиВак“ се произведува во вид на суспензија за инјектирање во мускулите.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња