Според Кавалери, германската Curevac и американската Novavax во моментов се подложени на слична ревизија.
„(Во врска со „Спутник V“ – Заб. на уред.) се одвива циклична проверка, затоа ќе ги разгледаме сите податоци кога ќе бидат собрани за побрзо да ја авторизираме. Во април ќе спроведеме инспекција во Русија како во однос на производството, така и на клиничките испитувања. Потоа ќе се обидеме да разбереме до кога ќе ги имаме сите податоци потребни за евентуално одобрување на оваа вакцина на крајот“, изјави Кавалери во етерот на италијанскиот тв-канал Rai3, пренесува РИА „Новости“.
ЕМА започна со проучување на руската вакцина на 4 март. Извор, запознат со процесот, рече дека таа може конечно да биде одобрена во мај.
Во саботата претседателот на регионот Лацио Никола Ѕингарети објави дека за неколку дена ќе склучи договор за научно тестирање на „Спутник V“ во Националниот институт за заразни болести „Лазаро Спаланзани“ во Рим.
Директорот на оваа институција Франческо Ваја изјави дека Центарот „Гамалеја“ ќе испрати тројца свои вработени во италијанската престолнина за заеднички истражувања на ефикасноста на руската вакцина против различни верзии на коронавирусот.
„Спутник V“ е создадена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ со поддршка на Рускиот фонд за директни инвестиции врз добро проучена платформа на вектори на човечки аденовирус. Тоа е првиот регистриран препарат во светот за превенција на КОВИД-19.
Како што следува од публикацијата во авторитетниот медицински журнал „Лансет“, „Спутник V“ покажа висока имуногеност и безбедност. Според резултатите од третата фаза на клинички испитувања, нејзината ефикасност изнесувала 91,6 проценти и притоа вакцината обезбедува целосна заштита од тешки случаи на КОВИД-19.
„Спутник V“ е веќе регистрирана во 52 земји со вкупно население од над 1,4 милијарди луѓе. Лекот е на второ место во светот според бројот на добиени одобренија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче