Докторот на медицински науки Антон Ершов истакнува дека која било од вакцините - не само против коронавирус - нема единствена алатка што може да влијае врз ДНК на човекот или неговото потомство. Тој исто така потенцира дека други средства за спречување на КОВИД-19, освен вакцината, нема да бидат создадени во следните децении, пренесува RT.
Дописниот член на Руската академија на науките Александар Горелов, заменик-директор за научна работа на Централниот истражувачки институт за епидемиологија на „Роспотребнадзор“ прецизира дека соодветен имунолошки одговор се развива по внесувањето на вакцината во период од 35 до 42 дена. Ако некое лице се сретне со COVID-19 помеѓу првата и втората доза, тогаш во оваа ситуација може да се зарази и да биде извор на инфекција.
Молекуларниот биолог Максим Скулачев, водечки научен соработник на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, одговори на прашањето дали треба да се вакцинираат оние со силен имунитет. Според него, тешката форма на КОВИД-19 се развива како имунолошка реакција - пациентите кои починале од оваа болест, фактички ги убил нивниот сопствен имунитет. Токму затоа е подобро да се прими вакцина, пренесува „Јандекс.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче