Неколку странски медиумски куќи објавија информација дека група воени бродови од составот на Северноатлантската алијанса одеднаш се сретнале со руска подморница во водите на Средоземното море. Поточно, овие бродови оствариле контакт со дизел-електричната подморница Б-237 „Ростов на Дон“, која припаѓа на класата „Варшава“ - пренесува рускиот веб-портал РИА „Новости“, повикувајќи се на добро информиран извор. По краткиот контакт, оваа подморница едноставно исчезнала од радарите, создавајќи чувство на немоќ кај екипажите на површинските бродови.
„Противподморничка група составена од бродови на НАТО веќе недела дена се обидува во водите на Средоземното море да ја пронајде руската подморница Б-237 „Ростов на Дон". Меѓутоа, сите обиди да се детектира не вродија со плод. Во исто време, руската команда е во постојан контакт со оваа подморница“, изјави соговорникот на рускиот портал.
Според него, борбените ефективи на НАТО, кои се ангажирани во водите на Средоземното Море, имаат сериозни технички можности кога е во прашање борба со подморници, но и покрај тоа, нивото на тајност на руската подморница ги надминало сите очекувања.
„Тие ангажираа значителни поморски сили кои имаа задача да ја детектираат руската подморница, што заврши безуспешно. Тоа зборува дека во случај на изведување борбени дејствија сите овие бродови потенцијално би можеле се најдат на нишан, што нив прилично ги депримира“, изјави неименуваниот извор.
Посебен куриозитет претставува ангажирањето на сите шест модерни подморници на Црноморската флота, кои во моментов се наоѓаат на мисии на отворено море.
Имено, претходната година беше кардинално обновена подводната компонента на Црноморската флота. Беа испорачани вкупно шест дизел-електрични подморници од класата 636.3 „Варшавјанка“, кои во вооружувањето имаат крстосувачки ракети „Калибар“ со голем дострел. Овие подморници се наоѓаат во состав на 4 самостојна бригада јуришни подморници, стационирана во воено-поморската база Новоросијск.
По повод оваа ситуација се огласи и поранешниот началник на Генералштабот на руската Воена морнарица, адмирал Виктор Кравченко, кој истакна дека подморниците од класата 636.6 „Варшавјанка“ се едни од најтивките пловила на светот.
Се работи за подморница која на овој начин многу ефикасно го демонстрира своето најсилен адут, а тоа е тивката пловидба што не може да се открие ниту со најсовремени уреди. Покрај тоа, испитот го положија и специјалните уреди за комуникација кои ги пренесуваат податоците за позицијата и задачите на подморницата во целосно скриен режим на работа.
Јуришните подморниците од класата „Варшавјанка“ се долги 74 метри. Нивниот депласман достигнува 3000 тони. Максималната длабочина на нуркање е преку 300 метри. Под вода достигнува брзина до 18 јазли (33,3 км/ч). Екипажот се состои од 52 морнари. Нејзината клучна предност е можноста за нечујно движење со брзина од 2-3 јазли (3,7-5,7 км/ч), што е многу тешко да се открие.
Подморници од оваа класа изведоа неколку успешни борбени лансирања на крстосувачки ракети „Калибар“, кои уништија инфраструктурни објекти што ги користеа терористите во Сирија. Во декември 2015 година, ракетен удар врз терористичките сили беше извршен од „Варшавјанка“ што го носи името „Ростов на Дон“. Во 2017 година такви удари беа изведени и од три подморници од истата класа - „Краснодар“, „Колпино“ и „Велики Новгород“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче