Попова објасни дека кај лице со имунитет вирусот може да се најде на носната слузница и во назофаринксот. Вирусот притоа останува жив и способен за пренесување врз други луѓе.
Како што забележа првиот човек на „Роспотребнадзор“, пренесувањето на вирусот од едно лице на друго најчесто се случува во рамките на семејството.
Таа истакна дека член на семејство кој не се чувствува добро треба да биде изолиран во посебна просторија.
Претходно Попова изјави дека состојбата со коронавирусот во Русија се стабилизира, но дека и понатаму е сериозна. Според неа, бројот на случаи секојдневно се намалува. Таа додаде дека просечната неделна стапка на потврдени случаи е помалку од седум лица на 100 илјади дневно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче