Снимка од гаѓање од најголемиот брод на воздушна перница

Скриншот
Малиот десантен брод на воздушна перница (МДБВП) „Мордовија“ од Балтичката флота реализираше артилериско гаѓање врз морски и воздушни цели во Балтичкото Море крај брегот на Калининградската област.

Балтичката флота е вооружена со два такви брода во рамките на проектот 12322 „Зубр“ - „Мордовија“ и „Евгениј Кочешков“, кои неодамна се вратија во функција по ремонтот во Прибалтичкото бродоградилиште „Јантар“. Тоа се најголемите на светот ховеркрафти - десантни бродови на воздушна перница, пишува „Росијскаја газета“.

Како што соопшти Одделот за информативна поддршка на прес-службата на Западниот воен округ за Балтичката флота, излегувањето на море на „Мордовија“ е планирано. На поморскиот полигон екипажот создаде одбранбено противподморничко минско поле, поставувајќи школски мини на дното. Мините беа успешно расчистени со помош на бродската артилерија.

Екипажот на МДБВП одработи заштита од оружје за масовно уништување, обрнувајќи посебно внимание на нормативите за херметизација на трупот на бродот и спроведување специјална обработка при условен контакт во зона со радијациско загадување.

Бродот изврши поморски десант на неопремен брег. Во десантот се вклучија единици на морнаричката пешадија на Балтичката флота со оклопните транспортери БТР-82А. Задачата на морнаричките пешадијци беше да ја пробијат непријателската противдесантна одбрана од море.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња