Илустрација.
Global Look PressЛегендарните тенкови Т-34 од Втората светска војна се упатија кон парадниот простор на полигонот Алабино во близина на Москва. Тие ќе започнат со подготовките за воената парада на Црвениот плоштад.
Прес-службата на Западниот воен округ презентираше видео на кое се гледа како тенковите излегуваат од хангарите и се движат по патот. Механичарите-водачи од Кантемировската дивизија треба да реализираат марш со должина од 50 км, соопштува „Росијскаја газета“.
Наредниот месец војската ќе започне со својата прва подготовка. Тие ќе одработат движење на Т-34 со брзина од 5 до 30 км/ч, ќе реализираат вртења, дејства во колона и во редица. Патем, тенковите Т-34 веќе имаат учествувано во воените паради на Црвениот плоштад, за време на историските реконструкции на фронтовските битки тие ги покажаа своите можности на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2020“ и на Меѓународните армиски игри истата година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче