Филигранска прецизност: пилотите на ЈВО реализираа полнење гориво во воздух со 600 км/час (ВИДЕО)

Се тренираше полнење гориво како поединечно, така и во пар на висини над пет километри.

Во Ростовската и Волгоградската област се одржаа летечко-тактички вежби за полнење гориво во воздух. Тоа е еден од најсложените елементи во обуката за летање. Горивото беше префрлено од авион-цистерна Ил-78, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Во вежбите учествуваа ловци и бомбардери на Военото воздухопловство и ПВО на Јужниот воен округ - Су-30СМ, Су-24М, Су-34, Су-35. Машините работеа на надморска височина до 6000 м, со брзина од околу 600 км/час, а растојанието меѓу нив беше помало од 20 метри.

Уште една вежба на авијацијата се реализираше во Република Чеченија. На полигонот „Калиновски“ над 30 воено-транспортно хеликоптери  Ми-8АМТШ учествуваа во вежбите на механизираната пешадија на 58 армија.

Авијацијата обезбеди трансфер на единиците за тактички десант. Потоа, во дејство стапија тенковите, оклопните транспортери и минофрлачите. На полигонот беа уништени повеќе од 100 различни цели кои имитираа техника и пешадија на условниот противник. Учествуваа повеќе од 300 војници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња