Владата на босанскохерцеговскиот ентитет Федерација БиХ, по повторениот рок за достава на понуди за набавка на вакцини против Covid-19, ја одбра во вторникот, 16 март, компанијата Medimpex и му наложи на ентитетскиот Завод за јавно здравство да потпише со оваа фирма договор за набавка на 500000 вакцини „Спутник V“.
Од четирите понудувачи кои испратија документација за набавка на вакцини против Covid-19 само компанијата Medimpex достави комплетна до рокот што истече во вторникот, 16 март, во 16 часот, соопштија од Владата на Федерацијата БиХ.
„Со договорот треба да се дефинира дека понудувачот гарантира добро извршување на работата, дека количината на првиот контингент е најмалку 100000 вакцини, а рокот за негова испорака три работни дена од денот на потпишувањето на акредитивите“, се наведува во соопштението на Владата.
Владата на Федерацијата БиХ за набавка на вакцини издвои 12 милиони конвертибилни марки (околу шест милиони евра).
„Спутник V“ е веќе одобрена или во моментов се оценува во три држави-членки на ЕУ – Унгарија, Словачка и Чешка. Европската агенција за лекови сé уште нема дадено одобрение таа вакцина да се користи во Унијата, а на 4 март соопшти дека е започнат „континуиран преглед“ на „Спутник V“.
Здравствените институции на БиХ во последните 24 часа забележаа 1606 новозаразени лица и 53 смртни случаи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче