Оган и мраз: погледнете кадри од ефектно гаѓање со „Град“ на Арктикот (ВИДЕО)

ТВ „Ѕвезда“ објави репортажа од воените вежби на полигонот „Шари“ во Мурманската област. Во нив учествуваа повеќецевни ракетни лансери „Град“. Пред почетокот на гаѓањето беше пукано од специјално оружје за мерење на брзината на ветрот. Имајќи го предвид летот на куршумот под влијание на ветрот, артилерците поточно ја пресметаа траекторијата. Исто така, беше и да се знае температурата на воздухот и гранатите. Арктичкиот студ може да влијае на прецизноста на гаѓањето, пишува „Росијскаја газета“.

Како резултат на тоа, „Град“ успешно се справи со задачата – уништи цели на растојание од 5 км. Плотунот покри површина од речиси 16 хектари.

Повеќецевните 112-мм ракетни лансери „Град“ се примени во вооружувањето во 1963 година. Наменети се за уништување жива сила на отворен простор и во утврдувања, неоклопна техника, оклопни транспортери, артилериски и минофрлачки батерии и командни пунктови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња