Новите повеќенаменски борбени авиони МиГ-35С од генерацијата 4++ влегоа во вооружувањето на Воздушно-космичките сили на руската армија, судејќи според графиконот објавен во официјалното гласило на руската армија „Краснаја звезда“.
На него се гледа дека авионите МиГ-35С им се испорачани на единиците на ВКС во рамките на програмата за опремување на руската армија. Овие летала се испорачани пред договорениот рок.
МиГ-35 претставува повеќенаменски авион-ловец од генерацијата 4++. Резултат е на сеопфатна модернизација на борбените апарати МиГ-29К/КУБ и МиГ-29М/М2. Првенствено е наменет за остварување апсолутна воздушна надмоќ на мали и средни далечини (тактички ловец). Покрај примарната ловечка улога, авионот е оспособен и да изведува многу прецизни напади врз копнените и поморските сили на непријателот, па може да се смести и во категоријата ловец-бомбардер. Со иновативните конструкторски решенија значително е зголемена борбената носивост на убојниот товар, а со интеграцијата на посилни и истовремено поекономични мотори и дополнителниот простор за гориво е зголемен неговиот оперативен борбен радиус.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче