На руска елитна гардиска бригада испорачан нов контингент модернизирани тенкови Т-90М „Пробој“

Првиот годинашен контингент основни борбени тенкови Т-90М „Пробој“ им е испорачан на единиците на 1-та гардиска тенковска армија на Западниот воен округ. Испораката е дел од државната програма за вооружување на руската армија, а производител, кога станува збор за оклопна техника, е корпорацијата „Уралвагонзавод“. Ова на новинарите им го пренесе информативната служба на Западниот воен округ.

„Контингент составен од 8 единици модернизирани основни борбени тенкови Т-90М „Пробој“ влезе во состав на Севастополската механизирана бригада, која е дел од гардиската тенковска армија на Западниот воен округ“, се наведува во официјалното соопштение на информативната служба на Западниот воен округ.

Конкретно, станува збор за единиците на 27-та гардиска самостојна механизирана бригада која со својот штаб се наоѓа во Новомосковскиот административен округ (град Москва), пренесува интернет-сајтот anna-news.info.

„Овој месец усвоивме неколку единици тенкови Т-90М, кои претставуваат најмодерна верзија на семејството тенкови Т-90 и кои во целост одговараат на сите барања на модерното војување“, рече командантот на гардиската тенковска армија на Западниот воен округ, генерал-потполковник Сергеј Кисељ.

Т-90М „Пробој“ претставува најнова модификација на рускиот основен борбен тенк Т-90, кој благодарение на исклучително богатата и комплексна програма за надградба, стана практично нов тенк. При подигањето на основниот борбен тенк Т-90А на стандардот Т-90М, инженерите на „Уралвагонзавод“ се фокусираа на искуството на искуствата од борбената експлоатација на Т-90 во Сирија, но исто така и на генералното искуство од употребата на различна оклопна борбена техника од советско/руско потекло во бројните конфликти низ целиот свет. Покрај техничките подобрувања, тој претрпе и одредени промени во дизајнот. За него беше развиена нова тенковска купола на која е интегриран модернизиран топ со калибар 125 мм, кој може да користи муниција со поголема пробојна/разорна моќ. Од тенковскиот топ ќе може да се истрелуваат и наведувабни противтенковски ракети што можат да погодат копнена цел (фиксна/мобилна) на растојание до 5 илјади метри.

 Според некои извори, тенкот Т-90М тежи скоро 50 тони. Благодарение на новиот мотор кој развива 1130 коњски сили, тој може да ги достигне брзинските параметрите кои ја красеа основната верзија на тенкот. Во исто време, овој мотор работи во границите на економичноста (и во екстремни временски услови), бидејќи со едно полнење на резервоарот може да помине растојание од 550 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња