Американски магазин издвои три најинтересни руски авиони во последниве 40 години

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Експертите на американскиот магазин Popular Mechanics составија листа на најинтересните авиони во последните 40 години, ставајќи на неа и три руски летала.

Новинарите ги наредија авионите според годините кога го извеле својот прв лет. За 1998 година го издвоија Бе-200 „Алтаир“, кој често учествуваше во гаснењето шумски пожари. Новинарите истакнуваат дека овој авион е во состојба да истури 12 тони вода врз цел во пламен, а потоа да слета на езеро или море и да земе уште еден товар вода за само 14 секунди. Бе-200 „Алтаир“ исто така може да се користи за превоз на патници, па дури и како летечка брза помош.

За 2000 година авторите на листата како најинтересен проект го избраа прототипот на ловецот-двосед со триаголно крило МиГ-1.44 МФИ. Додека за 2010 година Popular Mechanics се одлучи за Су-57, рускиот ловец од петтата генерација, кој „обединува намалена видливост, брзина и модерно вооружување и технологија“.

Су-57 (поранешен ПАК ФА, пробен назив Т-50) е наменет за уништување на секакви видови воздушни, копнени и водени цели. Според конструкторите, комбинацијата на високите маневарски способности и можноста за летање со суперсонична брзина, како и современиот комплет инструменти и намалената видливост му обезбедуваат на овој авион надмоќ над конкуренцијата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња