Лет зад поларниот круг: Ловци МиГ-31БМ тренираа пресретнување на „непријателот“ на Арктикот

Во текот на вежбите беше проверена координацијата на дејствата на екипажот, како и реализација на поставените норми при полетување и заземање на реон.

Зад поларниот круг пилотите на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота тренираа пресретнување авион кој ја „нарушуваше“ руската воздушна граница.

Ловците МиГ-31БМ, кои дежураат во состав на противвоздушната одбрана на Чукотка, ја пресретнаа траекторијата на авионот кој симулираше приближување до границата и не му дадоа да влезе во воздушниот простор на РФ. Вежбите се одржаа во услови на ниска температура, карактеристична за арктичкото подрачје.

Во улога на непријателски авион беше ловец МиГ-31БМ на посебниот мешовит воздухопловен полк на Силите на североистокот на Русија. Неговиот екипаж имаше задача со суперсонична брзина на висина од околу 20 километри да прејде во воздушниот простор на Русија, нарушувајќи ја поставената линија, како и во случај на откривање да избегне следење.

Задачата за пресретнување ја доби ловец МиГ-31БМ кој полета од аеродромот Анадир. Екипажот во соработка со копнените средства на ПВО реализираше потрага по симулираниот непријател. По откривањето на целта пилотите електронски истрелаа ракети од класата „воздух-воздух“ со голем дострел.

Во текот на вежбите беше проверена координацијата на дејствата на екипажот, како и реализација на поставените норми при полетување и заземање на реон. Екипажот исто така тренираше вештини на соработка со копнените средства на противвоздушната одбрана при реализација на задачата.

Од 1 декември 2020 година екипажите на ловците-пресретнувачи МиГ-31БМ на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота заради засилување на воздухопловната група во арктичката зона стапија на борбено дежурство во состав на противвоздушната одбрана на аеродромот Анадир.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња