Од 100 истрелани гранати 96 погодуваат право во целта:Руската артилерија стана најпрецизна на светот

ТВ „Ѕвезда“
Со комбинација на примена на наведувана „паметна“ муниција и новите системи за управување со огнот, се зголемија параметрите на прецизност на руските хаубици кога е во прашање веројатноста за погодок на гаѓана цел со првата граната (дури 96%), што претставува успех без преседан. Овие показатели, кога е во прашање цевната артилерија со голем дострел, се најдобри во светски размери, велат од државната корпорација „Ростех“.

Од артилериските орудија што денес се произведуваат во странство, според степенот на прецизност се издвојува американскиот наведуван проектил со калибар 155 мм „Екскалибур“. Неговата прецизност достигнува околу 92% на погодок со првата граната. Руските конкуренти „Грањ“, „Китолов-2“ или „Краснопољ“ во спрега со новите автоматизирани системи за управување со огнот обезбедуваат дури 96% успешност при уништувањето на зададената цел со помош на цевните артилериски орудија, наведува веб-порталот РГ.

„Овие показатели се потврдени при боевите гаѓања“, велат за веб-порталот РИА „Новости“ луѓето од информативната служба на државната корпорација „Ростех“. Тие додадоа дека овие високопрецизни проектили се во состојба со голема успешност да погодуваат и подвижни цели.

Генерацијата руски наведувани гранати е производ на холдингот „Високопрецизни системи“. Во овој холдинг е развиен и автоматизираниот систем за наведување и управување со огнот што се вградува кај самоодните хаубици „Мста-С“. Овој систем завршува 90% од операциите за пресметка кои ги правеше екипажот, овозможувајќи високопрецизно дејство во секое време на денот и ноќта и без оглед на временските услови.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња