Како што се истакнува, руската техника, меѓу другото, без шега, му втера страв во коски на екипажот на американскиот разурнувач „Доналд Кук“ од проектот „Арли Бурк“. „Внатрешноста“ на радарската станица за прв пат им беше прикажана на новинарите, се наведува во репортажата.
На командниот пункт има толку опрема – да ти се заврти во главата. Екипажот на командниот пункт го сочинуваат петмина членови задолжени за набљудување, оквалификување и следење на површинските цели, како и носење одлуки во тој поглед, се вели во репортажата.
Според Сергеј Пиуновски од претпријатието „Тајфун“ антената на „Монолит“ го откри и почна да го следи разурнувачот „Доналд Кук“ во Црното море. „Врз основа на нашето зрачење екипажот сфати дека е откриен и дека може во секој момент да уследи ракетен напад, од што и се уплашија“, рече стручњакот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче