Дејство од новата снајперска пушка ДВЛ-10 М1 „Диверзант“ (ВИДЕО)

twitter.com/gvozdenavolja
На видеоматеријалот се гледа тестирање на новата пушка произведена од руската компанија Lobaev Arms, позната по квалитетните модели на високопрецизни пушки со голем дострел. ДВЛ-10 М1 „Диверзант“ е наменета за опремување на специјалните единици во рамките на руската армија.

Како што и самото име („диверзант“) кажува, таа најмногу ќе се употребува во извидувачко-диверзантските единици на руската армија, пренесува порталот Mars Online. Се претпоставува дека оваа пушка имала своја борбена проба и во Сирија. Таму ја испробале единиците на ССО (Силите за специјални операции), кои таму уништиле илјадници терористички цели само во снајперски дејствија.

ДВЛ-10 М1 „Диверзант“ користи муниција со калибар .308Win. Станува збор за многу прецизна модуларна тактичка снајперска пушка произведена од компанијата Lobaev Arms. „Диверзант“ е придушена, компактна пушка специјално развиена за употреба во извидувачко-диверзантските единици на руската армија. Многу е ергономична и лесна за носење, а во огненото дејство е исклучително прецизна на респектабилни далечини.

Муницијата на снајперската пушка ДВЛ-10 М1 „Диверзант“ оди во посебна рамка со капацитет од пет куршуми.

Lobaev Arms пред две години на јавноста ѝ ги претстави новитетите - снајперските пушки ДВЛ-10 М1 „Диверзант“ и ДВЛ-10 М2 „Урбана“. Првата пушка е предвидена за експлоатација во воените единици, додека втората е специјално проектирана за употреба во специјалните полициски единици, при што е особено ефикасна во градски услови. Групирањето на погодоците кај двете пушки одговара на највисоките светски стандарди („Диверзант“-0,5 МОА, „Урбана“-0,38 МОА).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња