Шефот на СЗО ги фали инвестициите на Русија во науката по вакцината „Спутник V“

Getty Images
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејезус ги пофали инвестициите на Русија во науката по создавањето на вакцината против коронавирус „Спутник V“.

За ова на својот профил на „Твитер“ напиша Тедрос Аданом Гебрејезус.

„Имав конструктивен телефонски разговор со министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко за одговорот на КОВИД-19 на глобално ниво и во Русија, како и за вакцината „Спутник V“ и процесот на вклучување во списокот на препарати на СЗО за итна примена. Ги ценам инвестициите на Русија во наука“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.

Вакцината „Спутник V“ стана втората по популарност вакцина против коронавирус во светот.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња