Руската служба за фитосанитарен надзор (Роспотребнадзор) соопшти дека е одобрена примена на руската вакцина „ЕпиВакКорона“ кај постарите од 60 години.
„Имајќи ги предвид резултатите од испитувањата, кои покажаа имуногеност и висока безбедност на тој препарат за пациенти во постара доба, вакцината „ЕпиВакКорона“ е одобрена за примена кај лица постари од 60 години“, се наведува во соопштението на „Роспотребнадзор“.
„ЕпиВакКорона“ е втората од трите вакцини што Русија ги регистрираше. Вакцината ја произведе Државниот научен центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“.
Првата во светот регистрирана вакцина против коронавирус е руската вакцина „Спутник Ве“ (Sputnik V) што ја разви Институтот „Гамалеј“. Русија има уште една регистрирана вакцина – „КовиВак“ на центарот „Чумаков“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче